Атлетико Мадрид претрпе убедлив пораз од Барселона со 3-0 во дербито на 29. коло во шпанското првенство. Овој пораз може да се оцени како најболен за „јорганџиите“ на „Ванда Метраполитано“ од отварањето на стадионот во сезоната 2017/18 бидејќи досега никој не славел со три голови предност.
Причината за поразот тренерот Диего Симеоне го најде во заморот од дуелот против Интер во Лигата на Шампионите каде победникот беше решен по изведување на пенали.
„Нашиот противник беше супериорен. Поодлучно делуваа во ситуации пред нашиот гол. Имавме и шанси, но Бариос и Мората промашија за израмнување. Тоа беше важен дел од средбата. Вториот примен гол практично го реши натпреварот.
Потрошивме многу енергија на претходниот натпревар. Немам што да им замерам на играчите, тие дадоа се од себе. Да останеме смирени и да продолжиме да се бориме за четвртото место. Ќе биде тешко бидејќи екипите се се посилни. Сега не е време да бараме изговори. Одигравме прекрасни 120 минути против Интер. Моравме да го освежиме составот, но по вториот гол изгубивме сила. И честитам на Барса за победата“, вели Симеоне.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

