Симеоне пред продолжување на договорот со Атлетико Мадрид

Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне е многу близу до потпишување нов договор со клубот. Двете страни преговараа веќе некое време и се блиску до продолжување на соработката, а само некои ситни детали остануваат што треба да се прецизираат пред официјално да се објави договорот.

Според „Тутомеркато“, новиот договор на Симеоне ќе биде до 2024 година, а се очекува да има и зголемување на платата на тренерот.

На „Ванда Метрополитано“ не може да не бидат задоволни од работата на 51-годишниот Аргентинец, кој минатата сезона го водеше клубот до титулата во Ла Лига. Тој е на кормилото на оваа екипа веќе десет години, носејќи му на клубот две титули во Ла Лига, еден Куп на Шпанија, еден Суперкуп на Шпанија, двапати ја освои Лигата на Европа и двапати го крена Суперкупот на Европа.

 

Се вчитува...