Симеоне реален: Не е ВАР системот виновен за нашиот пораз

Атлетико Мадрид загуби вчера со 1-3 од Реал Мадрид во градската дерби пресметка од Ла Лига. Од таброот на „јорганџиите“ сметаа дека вина за тоа имаат и судиските грешки, односно судиите и од ВАР собата кои не процениле добро неколку ситуации на терен.

 

Но, стратегот на Атлетико, Диего Симеоне е реален потенцирајќи дека ВАР технологојата воопшто не е виновна за нивниот пораз.

„ВАР ќе донесе добро на сите во фудбалот. Длабоко сум убеден дека не загубивме поради ВАР. Беше тоа тежок натпревар во кој тие беа подобри од нас, посилни. Одиграа навистина добро и заслужено триумфираа“ – вели Симеоне.

Се вчитува...