Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне со соочува со сериозна казна од УЕФА поради срамното, контроверзно, прославување на погодокот на својот тим на дуелот од осминафиналето во ЛШ против Јувентус.
Симеоне срамната гестикулација по мечот ја оправдуваше со фактот дека сакал да им покаже на своите навивачи дека неговите фудбалери „имаат м…ња“.
Но, УЕФА покренува дисциплинска постапка сега по која можно е Симеоне да не смее да го води својот тим на реваншот против Јувентус.
Реванш дуелот меѓу двата тима е на 12. март. Атлетико на првата средба во Мадрид славеше со 2-0.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА