Шпанскиот прволигаш Атлетико Мадрид ја загуби шампионската битка во Ла Лига со Барселона, но упорниот стратег Диего Симеоне сигурно ќе работи напорно цело лето за да состави уште подобар тим за новата сезона во шпанското првенство. Тој сака да доведе нови засилувања на бековските позиции, а веќе ги пикираше и потенцијалните кандидати.
Елсед Хисај, албанскиот репрезентативец кој е член на Наполи, е опцијата на Симеоне за десната бековска позиција. За него е заинтересиран и Јувентус, но Атлетико Мадрид е решен да плати 35 милиони евра за негов ангажман. „Наполитанците“ засега бараат 5 милиони евра повеќе.
Симеоне го посакува и шпанскиот репрезентативец Маркос Алонсо од Челси, како нова аквизиција на позицијата лев бек. За него „јорганџиите“ се подготвени да платат 40 милиони евра.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА