Симеоне за Реал Мадрид во ЛШ: Го добивме најсилниот противник, но подготвени сме

Атлетико Мадрид против Реал Мадрид е едно од дербијата во 1/8 финалето во Лигата на шампионите. Така сакаше ждрепката во Нион, која ги одреди двата мадридски тима за ривали во оваа фаза.

Тренерот на Атлетико, Диего Симеоне изјави дека Атлетико е подготвен за овој предизвик и верува во пласман на неговиот тим во четвртфиналето од Лигата на Шампионите.

„Сега сме целосно фокусирани кон Валенсија. Во Лигата на шампионите не очекува топ натпревар, и ние сме подготвени за него. Имаме силен противник, очекувам два спектакуларни дуели и ние сме подготвени за овој предизвик“, изјави Симеоне.

Се вчитува...