Симеоне за синот кој блесна за Атлетико Мадрид: Нема привилегии, сам се бори за се

Гилијан Симоне, синот на тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне одигра извонреден натпревар против Виљадолид во 31. коло од Ла Лига на кој се запиша и во листата на стрелци покажувајќи фантастична техника во 27. минута од средбата.

Гилијан си собра симпатиите, доби и пофалби од сите страни за одличниот перформас, па мораше за него да говори и неговиот татко, но овој пат од улога на тренер.

„Не очекував дека ќе игра толку добро оваа сезона, и покрај тоа што очекував дека ќе ни помогне. Игра добра сезона и се надевам дека ќе го задржи нивото. Никој ништо не му поклонил и нема да му поклони. Тоа тој го знае, бидејќи ме познава подобро од било кој друг“, изјави Диего Симеоне.

Дваесетидвегодишниот фудбалер оваа сезона забележа пет голови и седум асистенции.

Се вчитува...