Баскет Кам по четврти пат по ред го освои трофејот во Суперкупот „Драган Василов – Цевка“ триумфирајќи против младиот Вардар во големото финале одиграно во СРЦ „Кале“.
Тимот од Македонска Каменица влезе на натпреварот како голем фаворит, а и покрај тоа што го потцени противникот во првото полувреме, ја потврди улогата во вторите 20. минута за мирен финиш и нов трофеј па тренерот Тони Симиќ не го криеше задоволството од прикажаната игра.
„Во првото полувреме малку го потценивме Вардар, но имавме разговор на полувреме со девојките кои сфатија дека ништо не се добива лесно против никого.
Имавме различен пристап на терен, кошаркарките го испочитуваа она што се договоривме и што го побарав од нив. Но, сепак, имам разбирање за се, затоа што се работи за прв меч во сезоната, Но кога ќе сумирам на крајот задоволни сме и среќни што го освоиме Суперкупот на Македонија во чест на Драган Василов – Цевка“, изјави Симиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

