Симиќ го водеше Борац Бања Лука до победа во мечот против Славија

Македонскиот репрезентативец Теодор Симиќ го одигра најдобриот натпревар за својот нов клуб Борац Бања Лука и тоа во дербито на четвртото коло од шампионатот на Босна и Херцеговина.

Борац ја пречека Славија во дуелот на непоразените екипи до ова коло и славеше со 89-68. Нашиот центар на теренот помина 25 минути и за тој период постигна 18 поени додавајќи  уште 7 скока и 4 асистенции.

Покрај Борац, непоразен во босанското првенство е уште Широки кој вечерва се среќава со Слобода на домашен терен.

Се вчитува...