Симиќ и Ниах најкорисни во осмото коло од Суперлигата

Кошаркарите на Кожув и Феникс 2010, Теодор Симиќ и Бизмарк Ниах го поделија признанието за најкорисен кошаркар на осмото коло од елитната македонска кошарка.

Двајцата ги предводеа своите тимови до триумф над Ангели, односно Работнички со индекс на корисност од 31.

Симиќ натпреварот го заврши со дабл-дабл учинок од 18 поени и 16 скокови, додека Ниах забележа 16 поени и 11 скокови.

Се вчитува...