Теодор Симиќ е еден од предводниците на новата генерација македонски кошаркари, а младиот центар на Барселона (пред неколку дена наполни 17 години) се најде и на скратениот список на селекторот Тодоров во пресрет на балонот во Перм.
Суперталентираниот кошаркар не крие дека е изненаден од повикот да биде дел од сениорскиот состав, а големи се шансите тој да добие и извесна минутажа за време на четирите натпревари, два со Италија и по еден со Русија и со Естонија.
„Ме изненади повикот на селекторот во А репрезентацијата. Подготвен сум да го дадам максимумот, и да го оправдам повикот, иако сум најмал во оваа репрезентација. Нормално е да чувствувам трема. Но сепак тоа е позитивна трема и се надевам дека нема да се одрази на играта во Перм, секако доколку бидам во комбинација за настап. Знам дека во минатиот циклус имаше неколку млади повикани кошаркари кои што не добија шанса поради ситуацијата со Ковид-19. Не само јас, туку останатите млади играчи се надеваме дека преку тренинг и борба на терен, да дојдеме до првите минути во дресот на сениорската репрезентација“, вели Симиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА