Ракометната репрезентација на Црна Гора е најдоброто изненадување на Европското првенство 2022. Црногорците кои беа наши противници во првиот дел од натпреварувањето со победа над фаворизираната Хрватска ја отворија и втората фаза па сега се наоѓаат на добар пат да изборат место во разигрувањето за титула.
Голманот Небојша Симиќ беше херојот на Црногорците со 14 одбрани, а по натпреварот имаше и интересна изјава.
„Знам дека сме способни за претстави како оваа, но и да ги доживееш е навистина неверојатно. Не можам да верувам дека игравме со толкава самодоверба. Одигравме некои акции од кои постигнавме голови, а ниту на тренинг ги немавме вежбано. Бев во шок, толку што морав да да ги прашам соиграчите по мечот дали ова е вистина, мислев дека сонувам“, изјави голманот на Мелсунген.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА