ЕКИПА на ЕП во Хрватска,
Билјана Б.Петрушева, Стеван Цаневски
Небојша Симиќ најверојатно ќе биде на голот на Црна Гора за утрешниот натпревар против Македонија во второто коло од групата Ц на ЕП во Хрватска. Тој го одработе вечерашниот тренинг, и потврди дека е подготвен за настап.
„Сега разговарав со селекторот и рече ќе одлучи на состанокот после вечерата.Имам малку болка, но добро е. Тренингот помина добро задоволен сум и што се одесува до мене може да играм. Но, ќе одлучи селекторот. Јас сум подготвен“ – потврди Небојша Симиќ за ЕКИПА веднаш по завршувањето на последниот тренинг пред утрешниот натпревар со Македонија.
Црногорскиот голман кој брани во одлична форма за германскиот Мелсунген, се повреди на тренинг непосредно пред старот на ЕП и паузираше во изминатите неколку дена, а го пропушти и првиот натпревар на кој Црногорците беа убедливо поразени од Германија (19-32). Со Симиќ на голот, репрезентацијата на Црна Гора сигурно ќе биде многу посилна во последните два натпревари во групата во која ќе бараат шанса за пласман во следната фаза од ЕП. Тоа го потенцира и селекторот на Црна Гора, Драган Ѓукиќ напоменувајќи дека сепак конечната одлука за настапот на Симиќ ќе биде позната во наредните неколку часа.
„Симиќ е еден играч кој беше во извонредна форма и сега ќе видиме колку оваа пауза од 4-5 дена влијаеше на него. Во секој случај, радува фактот дека тој е здрав и јас го очекувам во тимот во наредните натпревари. Дали против Македонија или на двата натпревари, ќе видиме“ – рече Ѓукиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА