Симон Бајлс – прва жена во историјата со трипл-дабл на партер (ВИДЕО)

Светската и олимписка шампионка, Симон Бајлс продолжува да го воодушевува светот. Таа стана првата жена во историјата што извела трипл-дабл во настап на партер. Историскиот подвиг, Бајлс го изведе на државниот шампионат на САД во Мисури.

Бајлс се обиде да ги изведе движењето и претходните денови, но и успеа во завршниот настап во недела вечер. Таа е првата гимнастичарка по 70 години со шест последовни национални титули.

 

 

 

 

 

Се вчитува...