Лидерката на ВТА листата, Романката Симона Халеп нема да учестува на завршниот турнир од сезоната во Сингапур. Таа соопшти дека проблемите со грбот не и дозволуваат да биде дел од битките на најдобрите осум тенисeрки во годината.
„Одлуката беше тешка. Ова ми е првпат во животот да се повлекувам поради повреда, но тоа е најдобро за моето здравје. Не тренирам четири недели и не сум подговтена“ вели Халеп.
Местото на Хелеп на турнирот во Сингапур ќе и припадне на Холанѓанката Кики Бертенс. Турнирот почнува следниот понеделник, а ќе учествуваат и Кербер, Осака, Свитолина, Квитова, Вознијаки и Плишкова.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА