Број еден на ВТА-листата, прворангирана на претстојниот Ролан Гарос, а без гранслем титула во кариерата – Симона Халеп, романската тениска ѕвезда која стои пред нов предизвик. Конечно да победи во финале на гранслем турнир. Халеп има три неуспеси во финалните пресметки на најголемите турнири, два во Париз и еден на Австралија Опен.
Пред четири години, Халеп во финалето на Ролан Гарос загуби од Марија Шарапова, а пред 12 месеци мораше да се поклони пред Јелена Остапенко. Двата дуела ги загуби по исцрпувачки три сета. На почетокот од оваа година, Романката беше поразена и на Австралија Опен од Каролине Вознијацки.
Сега Халеп е насочена кон единствената цел, да ја прекине клетвата што ја следи во гранслем финалињата.
„Оваа година сум под притисок, но се обидувам да избегам од тоа. Мислам дека сум подобра во однос на минатата сезона, не секако не можеме да правиме паралели, оваа може да биде полоша, но и многу подобра година за мене на Ролан Гарос. Работев многу, ментално сум посилна – изјави Халеп во Париз потенцирајки дека на турнирот ќе брани многу ранкинг поени.
Симона Халеп, Ролан Гарос го почнува со дуел против Алисон Риске.
На турнирот оваа година ќе се борат и ланската победничка Остапенко, Мугуруза, Плишкова како и ветеранките Шарапова, која е дури 28. носителка, и најуспешната жена во тенисот, Серена Вилијамс која паради паузата нема носителски стаус.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА