Бекот на Вардар СЦЈС и на македонската репрезентација, Симона Стојановска, во новата сеозна се сели во Полска. Стојановска го официјализира двегодишниот договор со полскиот клуб Погон Балтика Шчечин, кој е еден од водечките тимови во полската лига. Полскиот клуб на својот официјален сајт ја претстави Стојановска како една од најдобрите млади бекови и големо засилување за тимот.
Стојановска е прва од ракометарките на вториот тим на Вардар која заминува од клубот на крајот од сезоната и почнува интернационална кариера.
Неофицијално, на неколку ракометарки кои се и македонски репрезентативки во Вардар им било најавено дека по завршувањето на сезоната ќе треба да си бараат нов клуб со што практично и се растура репрезентативната база во актуелниот македонски вицешампион, а поголем дел од ракометарките се ставени пред неизвесност за натамошниот тек на кариерата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА