Тренерот на Интер Симоне Инзаги добил неверојатна понуда од саудискиот Ал-Хилал од 20 милиони евра како би го презел овој тим.
Ако Инзаги ја прифати понудата, се очекува да слета во Ријад на 1. јуни само еден ден по големото финале против ПСЖ во Минхен, на „Алијанц арена“.
Раководството на Ал Хилал во април го направил првиот чекор и отпатувал во Милано како би остварил контакт со одличниот тренер.
Ал-Хилал минатата сезона беше шампион во Саудиска Арабија, но оваа година титулата ја загуби од Ал Итихад.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

