Симоне Инзаги се запиша во историјата на Интер

Интер вечерва го совлада тимот на Лече со 2-0 во шампионатот на Италија, и повторно ја врати разлика од четири бодови на врвот на табелата.

Симоне Инзаги се запиша во историјата на тимот, откако стана единствен тренер со кого „нероазурите“ постигнаа барем по еден гол на 25 последователни натпревари во Серија „А“. Со тоа го сруши претходниот рекорд.

Интер во моментов е првопласиран на табелата, и веројатно ќе води битка за Скудетото со Јувентус. Инзаги дојде во Интер во 2021 година, и натаму чека на првата титула.

Се вчитува...