Симоне Инзаги уште три години на клупата на Лацио

Италијанскиот калчолигаш Лацио ја продолжува соработката со својот тренер Симоне Инзаги за дополнителни три сезони. Раководството го обезбеди неговиот потпис до 2020 година, информираат италијанските медиуми, а наскоро се очекува и официјална промоција на новиот договор. Според него, Симоне Инзаги годишно ќе заработува по 1 милион евра, плус дополнителни бонуси доколку тимот оствари забележителни успеси.

Еден од приоритетите на Симоне Инзаги беше Лацио да го сочува костурот на тимот за следната сезона. Тој посакува раководството да ги продолжи договорите и со Билја, Де Врај, Кеита Балде, за кои се заинтересирани и неколку други клубови од Италија и од Англија.

 

Се вчитува...