Најдобриот аргентински ракометар, Диего Симонет, не го криеше разочарувањето по очајното издание на „гаучосите“ и убедливиот пораз на мечот со Холандија.
Мечот од третото коло со Македонија ќе биде дуел „да се биде или не“ за Аргентинците, а на нивниот лидер му е јасно дека ќе мора да се одигра далеку подобро отколку денеска.
„Лошо, лошо… немам зборови колку бевме под нивото, со ваква игра не можеме ни да сонуваме за победа над Македонија. Премногу грешевме, цврстата одбрана и голманите треба да бидат наша силна точка, но денеска брзината на Холанѓаните не дозволи тоа воопшто да биде забележано на теренот. Ништо не е загубено, пред нас се уште две средби, на кои мораме да бидеме уште подобри. Мечот со Македонија ќе биде финале за нас, мислам дека ќе победи онаа репрезентација што ќе направи помалку грешки“, изјави Симонет.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА