Симоновиќ го надигра Петрушев во Летната лига на НБА

Натпреварите во Летната лига на САД продолжија и денеска, а во центарот на вниманието беше средбата помеѓу Филаделфија и Чикаго и дуелот на доскорешните соиграчи од Мега, Марко Симоновиќ и Филип Петрушев кој им припадна на „црвено-белите“ за славје од 104-119.

Најдобар играч во редовите на Чикаго беше црногорскиот центар кој забележа 26 поени со реализација 11/15 од поле, а згора на тоа додаде и 8 скока од кои 3 во нападот. Србинот пак за 16. минути поминати на теренот запиша 14 поени, но не успеа да му парира на Симоновиќ.

Се вчитува...