По трите погодоци во претходните три натпревари за Сепси, македонскиот напаѓач Марко Симоновски сега со асистенција учествуваше во триумфот на неговата екипа против Динамо Букурешт во 7. коло од плеј-аут разигрувањето во Првата лига на Романија.
Сепси славеше со 2-0 против Динамо Букурешт, сега реализирајќи значителен напредок во битката за опстанок, а Симоновски беше асистент на првиот гол кој во 30. минута го постигна Сепси.
Вториот гол за домашните следеше во втората минута од судиското продолжение, по што гостинските навивачи предизвикаа и инцидент влетувајќи на теренот.
Симоновски настапи до 55. минута на натпреварот, додека вториот македонски фудбалери во тимот на Сепси, Милован Петровиќ го одигра целиот дуел.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА