Марко Симоновски во текот на летото се најде во крајно непријатна ситуација, да се повреди на самиот старт од подготовките со националниот тим, а згора на тоа МКФ да не го признае сопствениот пропуст и неосигурувањето на кошаркарите од првиот ден на тренинзите. Сагата се развлече, Петар Наумоски целосно ја отфрли одговорноста од себе, но за среќа во целата ситуација на помош на кошаркарот дојде Агенцијата за Млади и Спорт, поточно директорот Дарко Каевски, кој ги осигура парите што му следуваа на Симоновски додека беше повреден.
„Би сакал јавно да му изразам благодарност на Дарко Каевски и севкупно на Агенцијата за Млади и Спорт, бидејќи само оваа институција ми излезе во пресрет, покажувајќи голема грижа за спортистите. Каевски вети и си го одржа зборот, згора на тоа во текот на рехабилитацијата повеќе пати ми се јавуваше за да праша како се чувствувам. Тоа е многу значајно за спортисти во периоди на повреди, исто колку што е разочарувачки во тој ист период да не те побараат ниту еднаш од федерацијата, иако се свесни дека повредата се случи за време на репрезентативни подготовки. Го оставам сето тоа зад себе, но сакам на ваков начин да ставам до знаење дека Каевски знае како да ги поддржи спортистите, особено кога се соочуваат со проблеми“ – изјави Симоновски за ЕКИПА.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА