Еден од најталентираните македонски пливачи Иван Симоновски се избори за А норма за учество на Олимписките младински игри кои во октомври оваа година ќе се одржат во Буенос Аирес, Аргентина.
Симоновски на Интернационалниот ФИНА Гранд При пливачки митинг „Акрополис 2018“ кој викендов се одржува во Атина, Грција, во дисциплината 100 метри – делфин исплива со време од 57:51, што е подобро време од зацртаната норма за учество на Олимписките младински игри.
Претходно, Филип Дерковски во дисциплината 400 метри – мешано го освои 9. место, пливајќи со време од 4:46.73.
Македонската делегација во Атина е предводена од претседателот на ПФМ, Александар Маленко и потпретседателот на федерацијата, Томи Стефановски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА