Македонскиот интернационалец Марко Симоновски повторно фудбалски се препороди по доаѓањето во дресот на Лахти во најсилната лига на Финска.
Поранешниот младински репрезентативец на Македонија е во фокусот на вниманието на финската фудбалска јавност по неколкуте одлични партии во дресот на Лахти, последната зачинета и со погодок во победата на гостувањето против Мариехамн од 0-2. За Симоновски тоа беше втор негов гол за Лахти на стартот од сезоната во Финска…
„Навистина се најдов себе си во Лахти. Финска е фудбалско препородување за мене. Ја имам довербата на стручниот штаб во клубот, и се надевам дека сега, по првичната аклиматизација, следат моите најдобри изданија. Нашата интенција е со Лахти да се бориме за излез на европската сцена следната сезона“ – вели Симоновски.
Како што е познато, 25-годишниот Марко Симоновски пред само два месеци пристигна во Лахти од редовите на казахстанскиот Шахтјор Караганди. Претходно има настапи за Металург во македонското првенство, и за рускиот Амкар.
-
Погодокот на Марко Симоновски на дуелот против Мариехамн може да го погледнете на временскиот исечок 4:58…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА