Македонскиот пливач Антониј Симоновски ги заврши своите настапи на Централното Европско првенство за кадети кое во моментов се одржува во Тарговиште, Романија.
Симоновски во дисциплината 200 метри – грбно, заврши на 8. место со испливано време од 2:20.08 минути.
Во дисциплината 100 метро – грбно, пак, македонскиот репрезентативец на крајот стигна до десеттото место со време од 1:03.99 минути, во конкуренција на 13 пливачи кои стартуваа во оваа дисциплина.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА