Симоновски потпиша нов двегодишен договор со Сепси

Македонскиот офанзивец Марко Симоновски ќе ја продолжи својата кариера во романскиот прволигаш Сепси.

Симоновски на почетокот од јануари се договори на шестмесечна соработка со Сепси, но по одличните месеци минати во клубот сега доби понуда која ја прифати за продолжување на соработката во следните две години, до јуни 2020 година.

Покрај Симоновски, во редовите на Сепси и во следната сезона ќе настапуваат уште двајца македонски интернационалци, голманот Марко Јовановски и поранешниот репрезентативен играч од средниот ред, Милован Петровиќ.

Се вчитува...