Симоновски: Со цврста одбрана ќе ја решиме Блокотехна

Кошаркарскиот шампион на Македонија, МЗТ Скопје Аеродром, и Блокотехна влегуваат во полуфиналната серија кој ќе даде еден финалист во домашниот шампионат. На теренот на МЗТ денеска (19. часот, СЦ „Јане Сандански“ ќе биде одиграна првата средба од серијата до три победи. Актуелниот првак ќе ја има предноста на домашниот терен во полуфиналната битка бидејки имаше подобра позиција на табелата по завршувањето на Суперлигата.

„Целта на МЗТ е одбрана на титулата, но знаеме дека до финалето пред нас е тежок предизвик во дуелите со Блокотехна. Секако дека атмосферата во тимот е одлична по добрите игри во последно време, но знаеме дека ова е полуфинале и дека мора да се даде се од себе за да се стигне до победата. На оној последен дуел со Блокотехна на крајот убедливо славевме, но да не заборавиме дека имавме многу слаб почеток и двоцифрена негатива по првата четвртина. Главен проблем ни беше пристапот, но тоа е значително поправено во изминатиот период во кој имаме голем напредок. Клучна ќе биде одбраната, ако одиграме со посакуваната енергија и ги решиме главното оружје на Блокотехна, акциите „пик ен поп“ од кои произлегуваат слободни шутеви, верувам дека на крајот ќе се радуваме“ – вели  Марко Симоновски.

Се вчитува...