Македонската ракометна репрезентација остана без пласман во четвртфиналето на Светското кадетско првенство по поразот од Португалија во осминафиналниот дуел. Нашите репрезентативци одиграа еден од подобрите натпревари, но во финишот попуштија пред португалскиот состав.
„Добро анализиравме и добро се подготвивме за овој натпревар. Добро се држевме, дадовме се од себе, меѓутоа на крај немавме среќа да дојдеме до позитивен резултат против одличната Португалија. Во финишот ни фалеше реализација и малку концентрација и искрено жалиме за поразот“ – изјави по натпреварот Кристијан Симоновски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА