Шефот на стручниот штаб на Силекс, Горан Симов е задоволен од борбеноста и желбата за надигрување со противникот во првото квалификациско коло за Лигата на шампионите, но не и од убедливиот пораз од 4-0 од азербејџанскиот шампион Карабах во Баку кој дава нереална слика на случувањата на теренот.
„Мислам дека поразот е преубедлив за тоа што се случуваше на теренот. Брзо примивме гол по едно невнимание во одбраната, но мислам дека натпреварот го одлучи вториот гол на Карабах кој очигледно беше нерегуларен по прекршокот на нашиот голман Божиновски. Во секој случај, домашната екипа ги искористи своите шанси, ние не успеавме да ги искористиме нашите и на крајот азербејџанскиот тим заслужено продолжува во следната рунда квалификации од Лигата на шампионите“ – истакна по мечот Симов.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА