Стратегот на Силекс, Горан Симов е убеден дека неговите фудбалери ќе дадат се од себе за да обезбедат финале во Купот на Македонија.
Кратовци денеска од 13 часот гостуваат на Струга ТЛ во вториот полуфинален натпревар од најмасовното домашно клупско натпреварување.
„Желбата на Силекс е секако пласман во финалето од Купот на Македонија. Не чека тежок натпревар во Струга, но ќе дадеме се од себе за место во финалето“ – вели Симов.
Првиот финалист, како што е познато, е Академија Пандев која вчера со 1-3 славеше на гостувањето против Македонија ЃП во Ѓорче Петров.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА