Шефот на стручниот штаб на Силекс, Горан Симов сосема очекувано не може да го сокрие задоволството од големата победа против Струга ТЛ во полуфиналната пресметка и пласман во финалето на Купот на Македонија.
За кратовци е извонреден успех местото во своето четврто финале од Купот во историјата, но како што вели Симов тимот мора да биде максимално фокусиран и на битката за опстанок во лигата.
„Пласманот во финалето на Купот секако е голем успех за клубот. Сосема заслужена победа во Струга која следи како награда за ангажманот на секој поединец на теренот. Тежок меч но со среќен крај за нас. Секако желбата е оваа сезона и да дојдеме до трофејот во најмасовното домашнот клупско натпреварување. Но, пред тоа мора да се фокусираме на првенството и на веќе следниот натпревар против Вардар на кој мора да се дојде до победа“ – вели Симов.
Силекс по 25 одиграни кола е на претпоследната позиција на табелата со 26 бода, еден помалку од Вардар и од Ренова.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА