Македонија ЃП утре од 17 часот на стадионот „Петар Милошевски“ на тренинг центарот на ФФМ во мегдан против новиот македонски шампион Струга ТЛ во финалето од Купот на Македонија.
„Лавовите“, кои досега во својата историја пет финалиња во најмасовното домашно клупско натпреварување, а се минатогодишни освојувачи веруваат дека може да дојдат и до нов пехар и покрај тоа што стружани сега ја носат фаворитската улога пред утрешната пресметка.
„За нас ова е петто финале а за Струга ТЛ прво, па веруваме дека можеме да дојдеме до нов трофеј. За мене тоа би била втора титула и силно ја посакувам“ – истакна стратегот на „лавовите“, Горан Симов на прес-конференцијата пред утрешното финале, притоа дополнувајќи:
„Нема некоја непознаница меѓу двете екипи кои добро се познаваат. Веруваме во квалитетен дуел, вистинско финале кое ќе ги задоволи сите вкусови. Струга ТЛ има одличен тим и сигурно носат голем мотив за двојна круна. Но, ние сме максимално подготвени и ќе дадеме се од себе да дојдеме до пехарот“.
Слично е размислувањето и на капитенот на Македонија ЃП, Филип Мишевски кој истакна дека нијанси ќе го одлучуваат победникот во финалето.
„Ова се натпревари кои ги одлучуваат нијанси. Сите наши меѓусебни дуели сезонава завршија без победник, и тоа кажува дека ќе биде повторно неизвесен меч. Ние сме максимално подготвени да дадеме се од себе за победа и нов трофеј“ – истакна Мишевски.
Финалето од Купот на Македонија во живо ќе биде пренесувано на ТВ каналите на МРТ и Арена спорт со почеток од 17 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА