Горан Симов од денеска и официјално е нов шеф на стручниот штаб Македонија ЃП каде го наследува Муарем Бајрами кој неодмана се раздели со „лавовите“. За поранешниот тренер на Вардар и Силекс тоа воедно претставува и враќање во Ѓорче Петров каде мина дел од кариерата како голман од 2005 до 2008 година.
Симов кој важи за специјалист за трофеите во Куп натпреварувањето, притоа освојувајќи ги и како играч во дресот на Македонија ЃП, и како тренерот на Силекс во 2021 година верува дека може да стигне до нов Куп трофеј.
„Доаѓам во добро позната средина, мојот прв клуб во Македонија. Како голман бев член на генерацијата што донесе прв куп пехар во Ѓорче, и тука сум бидејќи верувам во овие играчи и сум убеден дека и како тренер ќе го освојам куп пехарот“, изјави Симов.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА