Силекс последната пречка за освојување на третиот трофеј во Националниот куп ќе ја има во екипата на Академија Пандев. Тренерот на Силекс, Горан Симов вели дека е време по 24 години пауза трофејот да се врати во Кратово.
„Максимално сме мотивирани, по цели 24 години сакаме пехарот да го вратиме во Кратово. Потоа ќе мислиме на баражот, секако, и тоа е многу важно, да останеме во Првата лига. Сите се подготвени и максимално фокусирани“, вели Симов.
Капитенот на кратовци, Ангелчо Тимовски вели дека финалето е посебна мотивација за секој фудбалер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА