Симов: Жалиме за поразот, но останувам оптимист пред реваншот

Македонија ЃП доживеа минимален пораз од 0-1 од летонската РФС Рига во првиот натпревар од 1. квалификациско коло во УЕФА Конференциската лига. На дуелот во Скопје „лавовите“ одиграа лошо прво полувреме кое ги чинеше пораз и покрај тоа што со иницијативата во вториот дел заслужија барем реми.

Тренерот на „лавовите“, Горан Симов по мечот изјави дека жали за поразот на неговиот тим.

„На овие натпревари најважен е резултатот, после солидната игра во прво полувреме и доста квалитетна во второ полувреме, жалиме за резулатот сигурно, но спремни и свесни за реваншот. Некои грешки не смее да ги повторуваме а од друга страна малку да подобриме некои детали во нападот и се ќе биде во ред, оптимист сум, цел живот сум оптимист така е и сега. Тие имаат 22 кола позади нив и сигурно се поспремна екипа од нас, ние сме екипа која тренира 4 до 5 недели, што се вели не сме спремни ни за нашата лига. Беше топло примивме гол во прво можеби со 0-0 на полувреме и противникот ќе беше поотворен за повеќе шанси да постигнеме гол, немам што да замерам на момците одиграа тоа што се побара од нив“, изјави Симов.

Се вчитува...