Симовски ги собра ракометарките, ќе сврти ли нов лист?

Селекторот Симе Симовски ја одржа првата прозивка на женската ракометна репрезентација, која во следните денови ја очекува двомеч против Шведска и Чешка во квалификациите за ЕП 2020.

Симовски во пресрет на новиот квалификациски циклус реши да ја подмлади репрезентацијата, направи „рез“ во националниот тим, па интересно ќе биде да се види како со подмладени сили ќе им се спротивставиме на репрезентациите кои ќе ја имаат фаворитската улога на следните дуели.

Македонскиот селектор смета на следните ракометарки: Драгана Петковска (Данска), Матеја Серафимова (Данска), Наташа Антиќ (Шведска), Јована Саздовска (Германија), Симона Николовска (Германија), Сара Ристовска (Русија), Наташа Нолевска (Романија), Елена Ливриниќ (Романија), Александра Боризовска (Куманово), Симона Стојановска (Србија), Елена Ѓорѓијевска (Хрватска), Леонида Гичевска (Куманово), Јована Кипријановска (Куманово), Јана Калајџиевска (Металург), Ивана Гакидова (Франција), Марија Николиќ (Грција), Ивана Џатевска (Вардар), Андреа Седлоска (Вардар), Ангела Јанкуловска (Куманово).

Македонија на 26 септември ќе гостува на Шведска, по што на 29 септември ќе ја пречека селекцијата на Чешка.

Се вчитува...