Селекторот на женската ракометна репрезентација на Македонија, Симе Симовски, го објави поширокиот список на ракометарки за неделата на ЕХФ (20-27 ноември). За овој собир селекторот Симовски повика 20 ракометарки. Во составот ја нема Мирјета Бајрамовска која паузира поради повреда, а и на овој собир во националниот состав нема место за левото крило, Сара Митова која настапува за данскиот клуб Сондерјиске.
Во рамките на неделата на ЕХФ, македонската репрезентација во периодот од 24 до 26 ноември ќе настапи на турнирот „Трофеј Карпати“ во Крајова, Романија. Во Крајова, македонските ракометарки ќе одиграат три натшревари со селекциите на Бразил, Романија и на Полска.
Собирот на репрезентацијата е в понеделник во 9 часот во СРЦ Кале.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА