Селекторот на женската ракометна репрезентација на Македонија, Симе Симовски ги одреди 16 ракометарки со кои ќе настапи во квалификациите за место во баражот за СП 2019 што стартуваат денеска во Скопје.
Од поширокиот состав што ги одработе подготовките, во псоледната селекција пред квалификациите отпаднаа Милица николиќ, Амра Илјаз и Јиована Мицевска. Тие остануваат на листата на резерви за претстојните три натпревари.
Макеоднија денеска го почнува настапот со дуелот против селекцијата на Азербејџан (СЦ „Борис Трајковски“, 18 ч.), утре во истиот термин е дуелот со Исланд, а во последниот натпревар во недела (20 ч.) Македонија ќе игра против Турција. Првопласираната репрезентација во групата обезбедува пласман во јунскиот бараж за СП 2019 во Јапонија.
Состав на македонската репрезентација – голмани: Матеја Серафимова и Драгана Петковска, леви крила: Јована Саздовска и Марија Тасевска, десни крила: Сара Ристовска и Наташа Нолеска, бекови: Елена Ѓорѓиевска, Душица ЃорЃиевска, Марија Штериова, Елена Ливриниќ, Дајана Јовановска, Моника Јанеска, Симона Стојановска и Леонида Гичевска, пикери: Ивана Гакидова и Марија Николиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА