Селекторот на женската ракометна репрезентација на Македонија, Симе Симовски, повика 23 ракометарки за подготовките пред баражот против Шведска за СП 2017 во Германија.
Како што беше најавено, ново име во составот е левиот бек на Крим Меркатор, Мирјета Бајрамовска, која по неколкугодишна пауза одново се враќа во националниот тим.
Првиот собир на репрезентацијата е закажан за 29 мај со почеток во 10 часот во малата сала во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје.
Првиот натпревар против Шведска е на 10 јуни во СРЦ Кале, а реваншот е на 13 јуни во Истад. Победникот од овој бараж двомеч обезбедува пласман на СП 2017 што ќе се одигра во декември, во Германија.
Список на македонската репрезентација: Наташа Антиќ, Матеја Серафимовска, Драгана Петковска, Мирјета Бајрамовска, Теодора Керамичиева, Зорица Десподовска, Дајана Јовановска, Габриела Величковска, Симона Стојановска, Ангела Тодоровска, Душица Ѓорѓијевска, Елена Ѓорѓијевска, Маја Трпковска, Александра Боризовска, Елена Ливриниќ, Јована Саздовска, Сара Митова, Сара Ристовска, Наташа нолевска, Ивана Гакидова, Сања Дабевска, Стефанија Мишевска, Марија Николиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА