Селекторот на женската ракометна репрезентација на Македонија, Симе Симовски, го скрати поширокиот список за баражот за СП против Романија, објавувајќи листа од 20 ракометарки кои ќе се јават на првата прозивка и кои ќе се борат за место во националниот тим за пресметките со Романките.
Првиот собир ќе се одржи на 12 април, а Симовски на располагање ќе ги има сите оние ракометарки кои го понесоа товарот на претквалификацискиот турнир во Скопје, каде Македонија забележа победи над Грција, Исланд и над Литванија.
Македонија ќе гостува во Букурешт на 17 април во првиот меч од овој бараж, а реваншот во Скопје е закажан за четири дена подоцна во СЦ „Јане Сандански“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА