Женската ракометна репрезентација на Македонија иако одигра храбро загуби од Словенија со 30-33 во првиот меч во баражот за пласманот на Светското првенство во Јапонија. Селекторот на репрезентацијата Симе Симовски вели дека не е задоволен од играта, на искусните ракометарки кои мора да одиграат многу подобро.
„Се уште треба многу да работиме. Не сум задоволен од натпреварот, особено во одбраната, бидејќи триесет и три гола се премногу. Некои работи што ги трениравме не се одработија. Се обидовме неколку напади со поискусните ракометарки, но тие не го дадоа тоа што го очекував. Данокот на неискуство мора да се намали доколку сакаме подобри резултати во иднина“, изјави Симовски.
Реваншот меѓу репрезентациите на Македонија и Словенија е закажан за 6. јуни во Целје.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА