Симовски: Работевме две варијанти во одбраната за Романија

Селекторот Симе Симовски е задоволен од сработеното на мини-подготовките во Скопје, па кормиларот на нашиот национален тим се надева на позитивен исход и на баражот со Романија.

Јасно е дека противникот ќе ја има фаворитската улога, но „од таборот на „црвено-жолтите“ најавуваат дека немаат намера предвреме да се предадат на саботниот дуел во Букурешт. Симовски по последниот тренинг истакна дека посебен акцент во изминатите денови бил ставен на играта во одбрана.

„Задоволен сум од подготовките, ракометарките напорно работеа, а ние во стручниот штаб добро го анализиравме противникот. Посебен акцент посветивме на одбраната и тоа подготвуваме две варијанти. Морам да кажам дека сите ракометарки одлично се снаоѓаат и во двете варијанти. Романија е исклучително силна репрезентација, тим кој долги години наназад е во самиот светски и европски врв. Во Букурешт патуваме со голем респект кон противникот, но немаме намера предвреме да се предадеме. Со оглед на тоа како се работеше во овој кус период верувам дека ќе пружиме добра игра“, изјави македонскиот селектор.

Се вчитува...