Селекторот на женската сениорска ракометна репрезентација, Симе Симовски го објави поширокиот список на ракометарки за претстојните бараж натпревари за пласман на СП 2019 година во Јапонија против репрезентацијата на Словенија.
„Црвено-жолтите“ ќе настапат во својот најсилен состав, со бројни интернационалки, во обид да приредат изненадување и по подолга паузат да станат дел од едно големо натпреварување.
Првиот меч меѓу Mакедонија и Словенија ќе се игра на 2 јуни во Скопје, а реваншот е закажан за четири дена подоцна во Целје.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА