Селекторот на женската ракометна репрезентација на Македонија, Симе Симовски, го објави списокот на играчи на кои ќе смета за претстојната ЕХФ-недела, од 24 до 30 септември 2018 година. Предвидено е првиот собир да се одржи во спортската сала „Мајка Тереза“ при ЈУ Детски Дом 11-октомври во Скопје, а покрај вообичаените тренинзи закажани се и два пријателски натпревари против репрезентацијата на Италија, на 27 и 28 септември во салата Автокоманда.
Селекторот Симовски ги повика следните ракометарки: Матеја Серафимова, Драгана Петковска, Јована Саздовска, Марија Тасевска, Сара Ристовска, Марија Гајиќ, Марија Штериова, Теодора Керамичева, Марија Николиќ, Душица Ѓоргиевска, Леонида Гичевска, Елена Ѓорѓиевска, Дајана Јовановска, Ивана Гакидова, Моника Јаневска, Александра Боризовска, Елена Ливриниќ.
На 29 септември сениорската репрезентација ке одигра уште еден натпревар, против младинската репрезентација на Македонија во 16:00 часот во сала Автокоманда.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА