Симулација: Македонија во баражот за СП 2026 би можела повторно со Италија, или со Турција

Македонската фудбалска репрезентација веќе во огромна мера, сосема јасно, преку Лигата на нациите има обезбедено бараж за пласман на Светското првенство 2026 во САД, Канада и Мексико.

Секако, националниот тим предводен од Благоја Милевски како лидер и во регуларната квалификациската група, на три кола до крајот на квалификациите се уште е во битка и за првото место и директен пласман на Мундијалот.

Сепак, веќе е сосема извесно дека извонредниот настап во Лигата на нациите ја носи Македонија речиси со 75% во мундијалскиот бараж, па веќе се изработуваат и симулациите за можните противници на македонската селекција во двата бараж натпревари.

Интересно, Македонија, согласно симулациите, би можела во баражот повторно да се сретне со Италија како и во претходниот бараж за пласман на СП 2022, или пак со репрезентацијата на Турција која, исто така, беше наш можен противник и во баражот за претходниот Мундијал.

Се вчитува...