Фудбалските аналитички институти, согласно статистичките показатели, веќе ги дефинираа најголемите фаворити за освојување на трофејот на претстојното Европско првенство 2024.
Согласно ЕЛО рејтингот на националните селекции, најголем фаворит за освојување на европската круна е Франција со 16% веројатно да победи на Европското првенство. Според наведените проценти, меѓу најсериозните кандидати за триумф на ЕВРО 2024 се и Шпанија (11%), Португалија (9%) и Германија, Англија и Хрватска со по 8% шанси да дојде до трофејот.
Највисок процент за пласман во 1/16-финалето имаат Португалија и Белгија (93%) а потоа е Франција со 91%. Најмали шанси од сите репрезентации учесници на ЕВРО 2024 за минување на групната фаза се даваат на Албанија, само 19%.
Најтешка група на Европското првенство е Б групата, во која се Шпанија, Хрватска, Италија и Албанија, а за која е најтешко да се утврди кој ќе го освои првото место.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

