Уникс е во финалето на ВТБ-лигата откако во полуфиналната серија го елиминираше бранителот на трофејот Зенит, а најзаслужен за големиот успех е македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ.
Одличниот плејмејкер играше извонредно во текот на целата серија, а Димитријевиќ најдоброто го сочува за самиот финиш, постигнувајќи неверојатни 18 поени во последната четвртина од синоќешната мајсторка.
Серијата почна со тројка преку директниот чувар, следеа низа погодени шутеви за два, слободни фрлања, како и одличната соло-акција со која Македонецот донесе израмнување на 20 секунди до крајот.
Погледнете ја симултанката на Нено во последните 10 минути од мечот во кој влогот беше огромен – влез во големото финале.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА