Син на поранешниот НБА Олстар играч, Гилберт Аринас е во индуцирана кома, по тешка сообраќајна несреќа, пренесуваат американските медиуми.
Младиот Илајџа Аринас доживеал сообраќајна несреќа во текот на вчерашниот ден, па по здобиени тешки повреди докторите се борат за неговиот живот поради што и го водат во индуцирана кома. Неофицијално, Илајџа со возилото удрил во дрво откако ја загубил контролата над возилото по што автомобилот се запалил.
18-годишниот Илајџа игра кошарка за својот средношколски тим и просечно постигнува по 33 поени и 8,6 скока. Од следната сезона се запишува на Универзитетот Јужна Калифорнија со кого веќе потпишал договор за настап и во кошаркарскиот тим.
#AlijahArenas rolled on the ground in a huge puddle of water just moments after he was ripped from a burning Tesla Cybertruck … video, obtained by #TMZSports, shows.
FULL STORY HERE
https://t.co/GcT7NlkK9w pic.twitter.com/W1JoyjkbTj
— TMZ Sports (@TMZ_Sports) April 24, 2025
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА